Погледнете го домот на Мајкл Џордан во Јута

17 октомври 2019

Спортската легенда Мајкл Џордан, ја стави на продажба куќата во Јута. Се работи за огромен имот сместен на планинска површина.

Почетната цена за продажба е 7.5 милиони долари.

Тој што ќе ја купи ќе добие куќа која се простира на преку 5.000 метри квадратни, ќе добие и терен за голф, како и фантастичен поглед на планинската шума.

Уредувањето е комбинација од повеќе материјали -стакло, мермер додека пак, подовите се од бамбус. 

Има две дневни соби, двојна кујна, соба за канцеларија, како и соба за вежбање, кино и голф симулатор. Исто така во рамки на 900-те квадрати внатешен простор има и пет спални и осум бањи.

Надворешниот дел го красат фонтани и базен, како и стаклени гаражи.

Мајкл досега имал повеќе обиди за ппродажба на неговите имоти, но не многу успешно.  Неговиот дом во Чикаго исто така е повторно ставен на продажба, а дали ќе му успее овој пат, останува да видиме.

 

фото извор: golfdigest.com;

Објавено:
17 октомври 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
309 пати