Погледнете го фантастичниот дом на Ријана во Холивуд

18 јули 2019

Освен на Барбадос и Лос Анџелес, Ријана поседува имот и во Холивуд. Во јануари 2018 година го издаваше домот во Вест Холивуд, и тоа за повеќе од 16.500 долари месечно.

Овој пат пак, ја издава вилата во Холивуд Хилс. Вилата има три ката, има осум големи бањи и две мали. Покрај ова, има и соба за билијард, фитнес простор, кино...

Надворешниот дел е вистинско уживање, бидејќи има базен. Високата ограда во арт деко стил е првото нешто што би го забележале доколку би ѝ дошле на гости. 

Ријана во моментов живее во Лондон и смета дека е добар бизнис чекор да ја издава и оваа куќа за 35.000 долари месечно, која инаку ја купила за повеќе од шест милиони долари.

Погледнете како изгледа нејзината внатрешност:

Објавено:
18 јули 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
491 пати
Извор: 
variety.com