Погледнете го новиот дом на Џесика Алба
•
22 февруари 2017
Познатата актерка Џесика Алба од неодамна има нов дом и тоа во Беверли Хилс. Вилата има околу 820 квадратни метри и нејзината цена изнесува 9.948.000 долари.
За тој износ, Алба доби куќа со седум спални соби, осум бањи и еден тоалет и приватност во изобилство.
Една од спалните соби е наменета всушност за вежбање.
Има и библиотека, соба за медиуми, кујна, како и двокатно фоаје, базен, градина и неверојатен поглед. Тоа е веројатно и повеќе од доволно за Џесика, Кеш Ворен и нивните две деца.
Инаку, според Форбс, богатството на актерката во 2016 година е проценето на 340 милиони долари. Освен актерската кариера, Џесика има и одличен бизнис со органска козметика
Погледнете како изгледа новиот дом: