Погледнете го новото кафуле на „Фенди“ во Лондон

11 јули 2019

Италијанскиот бренд „Фенди“ неодамна отвори ново тематско кафуле и Пикабу бар во стоковната куќа „Хародс“ во Лондон.

За уредувањето бил ангажиран уметникот Џошула Видс, кој еден постар простор го уреди во фенси поп-ап кафуле.

Монохроматските графики во комбинација со чантите во интензивни бои, кои притоа и можат да се купат таму, даваат одличен ефект.

Пикабу барот пак е местото каде што можете да ја направите својата уникатна Пикабу чанта. Можете да одберете и да комбинирате три клучни елементи на чантата - нејзиното тело, рачката и ременот, а можностите речиси и да се неограничени.

Во понудата има 20 типови на тело (на чантите секако), 25 варијации на моделот на рачката и седум варијации на ремен.

Со својата привлечна внатрешност, „Фенди“ кафулето станува вистинска Инстаграм сензација, особено имајќи ја предвид информацијата дека истиот ќе биде достапен до 31.август.

Пикабу барот пак, ќе биде отворен до 28.јули, па доколку патот ве носи накај Лондон во ова време од годината, не пропуштајте ја шансата да го ѕирнете одблиску.

Објавено:
11 јули 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
170 пати