Погледнете го совршено уредениот дом на Џесика Алба

4 април 2019

Актерката Џесика Алба неодамна го стави нејзиниот дом на Беверли Хилс на продажба, а токму тоа е и причината поради која јавноста може да види како всушност изгледа и внатрешноста на истиот.

Цената на недвижнината изнесува шест милиони долари. Се работи за куќа која е изградена во 1970-тите години на минатиот век, во шпански стил.

Се простира на околу 900 квадрати, а актерката со помош на архитекти го уредила така да доминираат светлите бои и топлината.

Белата боја е насекаде и дава посебна свежина, но и визуелно уште поголем простор. Мебелот е во рустичен стил, со што како што споменавме и претходно, домот добива топлина. 

Куќата е составена од дневна соба, библиотека, работна соба, кујна. На горниот кат има уште три спални соби, со посебен тоалет, и плакар. Покрај сето ова, куќата има и огромен двор, а во еден дел од него и базен совршено уреден, гаража со четири паркинг места, како и посебна куќа за гости, односно послугата.

Колку и да изгледа совршено, сепак актерката и нејзиното семејство одлучиле дека не сакаат повеќе да живеат во неа, а кој ќе биде новиот сопственик, останува да видиме.

Објавено:
4 април 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
565 пати