Погледнете ја карипската вила во која летуваат Кејт и Вилијам со децата

29 јули 2019

Јули е совршен месец за летен одмор, а и омилен на кралското семејство кое и годинава, традиционално се упати кон нивниот омилен остров на Карибите, Мустик.

Британските медиуми пишуваат дека Кејт и Вилијам моментално се на семеен одмор на Карибите каде всушност и го прославиле шестиот роденден на нивниот прв син, принцот Џорџ.

Оваа локација е посебна за принцот и војвотката од Кембриџ, со оглед на тоа што Кејт долги години летувала со нејзините родители, но токму тука го поминаа и одморот со Вилијам пред да се роди Џорџ.

don_hebert_getty_images

Постојат многу причини зошто токму овој остров години наназад привлекува познати лица, а покрај тиркизната вода и белиот песок, недостапноста на папараците е една од најважните.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mustique (@mustiqueisland) onJun 21, 2019 at 10:24am PDT

Кејт и Вилијам не се единствените од кралското семејство кои се вљубени во ова место. Принцезата Маргарет е голем обожавател на островот, па токму поради тоа за свадбата ѝ подариле парцела на Мустик каде сега има изградено луксузна вила која може да ја изнајмите.

philip_coblentz_getty_images

Во галеријата, можете да погледнете фотографии од островот и вилата каде што британските медиуми пишуваат дека кралското семејство го поминува годишниот одмор.

 Инфо: Vogue

Објавено:
29 јули 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
6.783 пати