Погледнете ја куќата во која се снимаше култната „Династија“

21 јануари 2019

„Династија“ е една од најгледаните серии во 1980-тите. Со оглед на тоа дека беше една од првите сапуници што публиката во регионов можеше да ја гледа, ретко кој можеше да и' парира на таквата популарност.

Она што ја врати серијата повторно во фокус, макар за момент е куќата во која се снимаше серијата од 1981 до 1989 година, е на продажба - повторно.

Добро познатата куќа во Пасадена има цена околу 19.5 милиони долари. 

Има гламурозен ентериер, базен и огромен двор. Како пренесува „Yahoo News“, снимањето ретко кога се одвивало целосно во куќата. Инаку, луксузното здание е изградено во 1913 година и се наоѓа на приватен имот, а има 1.633 метри квадратни.

Во тој простор има 10 спални соби, 11 бањи, вински подрум, огромна кујна, соба за занимација и игри. Покрај оваа куќа, на имотот се наоѓа и гостинската куќа која се простира на 225 метри квадратни, уште еден базен и тениски терен.

Погледнете:

 

Објавено:
21 јануари 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
3.673 пати