Погледнете ја новата викендица на Роналдо

7 август 2019

Роналдо е спортистот кој најскапо наплаќа една Инстаграм објава, неверојатни 975.000 долари, неодамна се почести со нов лускузен имот вреден 1.6 милиони долари, значи помалку од негови две инстаграм објави.

Медиумите пренесуваат дека недвижнината која се наоѓа во Шпанија, е всушност негова викендица, но всушност се работи за луксузна вила во кој секој би посакал макар на кратко да престојува. 

Викендицата, односно вилата се состои од четири соби, со наоѓа во Марбеља и има поглед на Средоземно море.

Линиите се чисти, а фасадата е бела, што е фантастичен контраст од сините морски површини. Внатрешноста се одликува со високи плафони и панорамски поглед од прозорците, а куќата е поделена на две нивоа и тоа со помош на елегантни скали.

Во главната спална соба има масивни вградени плакари, тоалет и фантастичен поглед. Приватна теретана, кино и вински подрум ја прават уште попривлечна, како и огромната дизајнирана градина и базенот.

Погледнете:

 

фото извор: bosshunting.com.au;

Објавено:
7 август 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
416 пати