Куќата во Лос Анџелес во која претходно живееше војвотката од Сасекс Меган Маркл деновиве е ставена на продажба по цена од 1.8 милиони долари.

Според порталот TMZ, Меган живеела во оваа куќа додека била мажена со режисерот и продуцент Тревор Енгелсон, односно од 2011 до 2013 година.

Како што ќе забележите од фотографиите, куќата е навистина прекрасна и пространа, со мебел во претежно светли нијанси и многу стилски детали.

Шармантната куќа во која има четири спални била изградена во 1924 – тата година, а истата е украсена со неодоливи дрвени подови, неверојатен двор во кој можете да уживате, прекрасна кујна со бели елементи, исклучително стилски бањи и што уште не.

Инаку, оваа куќа Меган и нејзиниот поранешен сопруг ја изнајмиле кога таа почнала да ја снима серијата Suits поради што морала да се пресели од Торонто во Лос Анџелес.

Во моментов, таа живее во Виндсор со нејзиниот сопруг принцот Хари и синчето Арчи, но нејзината мајка Дорија сѐ уште е со адреса во Калифорнија.

Медиумите пишуваат дека Меган и Хари планирале да купат куќа и во Лос Анџелес која ќе биде нивен втор дом и во која ќе можат да престојуваат кога ќе патуваат во САД.

Погледнете како изгледала куќата во која војвотката од Сасекс поминала неколку години од нејзиниот живот.

Инфо: Vanity Fair, Harper's Bazaar

Фото: Harper's Bazaar/The Bienstock Group

Објавено:
6 август 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.017 пати