Погледнете како изгледа првиот Шанел спа центар во светот!

26 јули 2016

Пред некое време пишувавме за реновираниот хотел Риц во Париз, во чија внатрешност архитектите сместија фантастични делови за уживање меѓу кои и фризерски салон, но и првиот ексклузивен Шанел спа центар во светот.

Самиот простор е вистинско олицетворение на работата на модната куќа, а како инспирација за ентериерот на архитектите им послужил станот на Коко Шанел сместен на познатата Rue Cambon.

Во централниот дел се наоѓа голем базен, а околу него пет приватни кабини. Бројот пет е симболичен за модната куќа бидејќи Коко го сметала за нејзин среќен број.

Токму поради таа причина, бројот пет се провлекува низ целиот центар, во петте кабини работат пет експерти за убавина кои работат исклучиво со пет чекори за разубавување, а масажите се прават со пет ексклузивни масла насловени по култните парфеми на Шанел.

Во нивната понуда има неодоливи третмани за нега на телото со специјални производи по кои Шанел е познат.

Погледнете како изгледа внатрешноста на првиот Шанел спа центар во светот.

Објавено:
26 јули 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
346 пати