Повик од иднината: Совршено и функционално уреден стан во објектот „Футура“ на Elena Luka Home

28 мај 2020

Урбано, модерно, квалитетно и функционално домување се приоритетите кога го бираме нашиот дом од соништата. Токму една таква, идеално и компактно уредена станбена целина од 44m2 ви презентираме во рамките на новиот ексклузивен објект на Elena Luka Home, „Футура".

„Инспириран од формата, од чистината на кристалите и острите агли, кубизмот го први КРИПТОН со своите 44m2, максимално искористен простор како вистинска уметност на живеењето. Моќните обработки на ѕидовите проткаени со суптилната, а ефективна линија на кристалите, даваат силен визуелен печат. Наменет за креативци кои го вреднуваат модерниот и удобен начин на живот каде комфорот е вистински луксуз во брзото темпо на живеењето, а воедно традиционално ја задржува приватноста на Вашата спална соба, со панорама кон градот убав и сите останати простории кои му се потребни на едно семејство. Кристалите се секогаш во мода, па така Вашиот КРИПТОН ќе биде секогаш ин", се вели во описот на оваа совршено и функционално уредена станбена целина во новиот објект „Футура" на докажаната компанија Elena Luka Home.

Авантуристичкото домување на „ФУТУРА“ е распоредено во 56 компактни и флексибилни станбени единици кои се карактеризираат со движење и проток распоредени на 7 ката и поткровје.

Динамичната организација на внатрешниот план на „ФУТУРА“ наизменично се менува по нивоата во два карактеристични ката и притоа се создаваат серија архитектонски фрази чија динамика директно се отсликува во надворешниот изглед на „ФУТУРА“.

Програмската структура на делот за домување на „ФУТУРА“ се состои од 33 двособни, 17 трособни и 6 четирисобни станбени единици со квадратура од 39м2 до 83 м2. Многу нови светови за откривање, многу планети на кои Вие ќе ја создавате Вашата иднина.

Објавено:
28 мај 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
701 пати