Практичен дизајн: Клуб масичка за сите кои забораваат да ги наводенат растенијата во домот

25 март 2021

Колку пати ви се случило да заборавите кога последен пат сте му ставиле вода на фикусот во дневна? Собните цвеќиња се фантастичен украс во домот и научно докажано го подобруваат расположението и го прочистуваат воздухот.Но, цвеќињата бараат љубов, внимание и вода. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Modulos (@modulosfurniture)

Хрватскиот бренд за дизајн на мебел Модулос креираше интересно решение за сите оние кои ги сакаат убавините на собните растенија, но забораваат кога последен пат ставиле вода.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Modulos (@modulosfurniture)

Станува збор за клуб масичка со името Ботаникал, која освен што изгледа интересно, во средината има бетонскк сад, а во самиот дизајн на површината е вметнат календар.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Modulos (@modulosfurniture)

Потребно е растението да го засадите во бетонскиот сад. Кога ќе ставите вода, ќе го завртите растението кон тој датум, па така никогаш нема да заборавите кога последен пат сте ставиле вода.

Објавено:
25 март 2021
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
405 пати