Прекрасен ентериер: Хармоничен дом од 57м2 уреден во баланс со природата

9 декември 2020

Тенденциите во ентериерното уредување за 2021 година, најавуваат фокус на топлината и чувството на хармонија што ги креира естетиката инспирирана директно од природата.

Потребата на човекот да биде во постојан баланс со неа, наметна трендови кои во различни димензии го имплементираат светот на флората и фауната во интимниот свет на модерното, семејно домување.

Како еден совршен пример за ентериер што зрачи смиреност, хармонија и релаксираност, а притоа ги содржи сите елементи на современото ентериерно уредување, е овој стан од 57м2 сместен во новиот современ станбено-деловен комплекс „Futura" на реномираната компанија Elena Luka Home.

Станбената единица е насловена „Futura Flora" што непосредно асоцира на тоа дека централен акцент во декорот на овој дом имаат природните материјали, смирениот колорит, како и богатата градина со растенија.

Просторот е максимално и рационално искористен, со паметен распоред што ги задоволува барањата на секое современо семејство, вклучувајќи две спални соби, бања, влезен хол, ходник, тераса и прекрасна дневна соба во отворена комуникација со кујната, што обезбедува простран и пријатен амбиент за дневен престој.

За повеќе детали, информирајте се на овој линк.

Објавено:
9 декември 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.926 пати