Од плишани играчки до постелнини со фантастични принтови, полици во различни форми, кошнички за складирање играчки, осветлувачки тела со шарени дезени – актуелната понуда за деца на H&M во рамките на линијата за уредување на домот, навистина ја буди не само детската фантазија, туку и онаа на возрасните.
Ова е сфера во ентериерното уредување која дозволува креативноста да се расплени нашироко, па затоа секогаш е забавно да се ѕирне во тој свет на соништа, многу бои и игра.
Едукативните играчки како актуелен и атрактивен избор, исто така се вклучени во понудата, комплетирајќи ја целината која ги спојува забавата, функционалноста и образованието.
Преку симпатичните фотографии во продолжение, ви доловуваме како изгледа светот на детската фантазија од позиција на шведскиот гигант H&M, а притоа може да ги искористите како идеја и да се обидете сами дома да искреирате некој детаљ за вашите најмили.