Пријатен дом во Полска уреден во бохо стил

30 јули 2020

Со 110 илјади следбеници на Инстаграм, профилот @prosto.w.szarosci е всушност симпатична разгледница на еден семеен дом во Полска, уреден во топли и пријатни тонови.

Хармоничната атмосфера е сведена на концепт што вклучува многу детали што говорат за карактерот на сопствениците, мебел изработен од природни материјали и ненаметлив колорит што функционира складно со бохо естетиката која е присутна во секој сегмент.

Основата е светла, но повремено акцентирана со дезенирани тапети, декоративни елементи во карактеристични бои и многу зеленило и цвеќиња.

Слоевитоста во просторот е постигната со имплементирање на различни материјали како што се ѕидните облоги со тули, дезенираните подни плочки и комбинацијата со ламинат во светла, дрвена нијанса.
Балконот се надоврзува на бајковитата приказна на ентериерот, претставувајќи една вистинска оаза за одмор и релаксација.

Доколку планирате преуредување во вашиот дом, можеби оваа семејна идила ќе ве инспирира.

Фото: Инстаграм

 

Објавено:
30 јули 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.741 пати