Пролетната колекција на Zara Home е во знакот на топлите тонови

25 април 2020

Ако сте љубител на внатрешниот ентериер, но и на топлите тонови, тогаш сигурни сме дека пролетната колекција на Zara Home, ќе ви се допадне.

Со рустичен и ретро шмек, оваа колекција има парчиња што во вашиот дом ќе внесат блиска и пријатна атмосфера.

Најголемиот дел ја сочинуваат предмети во кафено-златни тонови.

Плетени кошници и черги како покривки за под се нешто што се враќа на голема врата оваа пролет, барем според овој бренд.

Исто така, дрвени масички, полици, плетени перничиња, сето тоа одлично се вклопува во посочената тема. Покрај кафените тонови, може да се сретнат сини, зелени бои, како и цветниот дезен кој најчесто е имплементиран кај чаршафите и завесите. 

Не е исклучено и стаклото како материјал, кое воопшто не ѝ пречи на севкупната естетика.

Позитивно е што, за да го освежите домот во овој стил и не ви се потребни многу средства. Доволно е да извадите некоја од плетените кошници, кои веруваме повеќето од нас ги имаат, перничиња во крем, кафени, портокалови нијанси, како и прекривки со мексикански шари и да имате малку креативност.

А се надеваме дека фотографиите во продолжение ќе ве инспирираат, а на нивната веб страна ја имате колекцијата во целост:

 

фото: Zara Home

Објавено:
25 април 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
511 пати