Доколку се сомневавте дека воопшто постои вакво место, ние сме тука да ви потврдиме! Вилата Стар на планината Учка во Хрватска е вистински рај на земјата што се простира помеѓу облаците, прекрасните карпести предели и неверојатното море во оваа неодолива земја.

Вилата Стар е совршена локација за сите љубители на природата, но и за сите оние што го обожуваат романтичниот стил на уредување во домот.

Вилата се состои од неколку пространи соби, кујна, огромен базен и двор за различни активности со фантастичен поглед.

Уште поубава оваа вила ја прави целосно белиот ентериер и нежните пастелни тонови кај мебелот и бањата.

Во приземјето на оваа вила се наоѓаат две спални соби, како и горе на катот, каде се наоѓаат уште две соби со купатило со прекрасна приказна.

Исто така, во вилата има и вински подрум, кој е дополнителен детал за целосно луксузно доживување на оваа вила.

Објавено:
6 август 2015
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.138 пати