Ретро трендот „терацо“ ужива голема популарност во модерното уредување – ентериери што ќе ве воодушеват

18 мај 2020

Терацо (од италијанскиот термин „terrazzo" што во превод значи тераса) е стил во уредувањето што датира уште од времето на античките Римјани, кога всушност симболизирал престиж и класен статус.

Аристократијата во тоа време го имплементирала во декорот на подовите, но низ историјата овој стил еволуирал во различни варијанти, форми и дизајни, а во меѓувреме се комерцијализирал со што станал и пошироко достапен.

Гранулите вградени во врзивната смеса на овој материјал, наликуваат на мозаик и тоа е неговата главна карактеристика, во која архитектите и професионалците во областа на ентериерното уредување препознале голем потенцијал.

Го сочинуваат парчиња мермер, гранит, стакло, кварц поврзани во целина која токму поради таквата комбинација има уникатен изглед што го облагородува просторот.

 

Овој ретро стил пред неколку сезони наголемо се врати меѓу тенденциите во ентериерното уредување, а сега ужива голема популарност дури и преку имитација доловена преку различни елементи во ентериерниот декор: тапети, принтови, дезени за плочки, керамички украси, а може да го препознаете дури и во дизајнот на накит.

 

Издвоивме неколку модерни ентериери што ја визуелизираат неговата благородност во просторот.

Фото: Пинтерест

 

 

 

 

Објавено:
18 мај 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
957 пати