Шаренило од бои и стилови во новиот каталог на Икеа за 2020

25 јули 2019

Можеби звучи чудно, но токму каталозите на шведскиот гигант Икеа, се едни од најчитаните во светот. Ова е уште еден факт што посочува на неверојатната популарност на брендот и неговиот принцип на работа.

Неодамна онлајн се појавија фотографии од новиот каталог за 2020 година, што официјално треба да излезе на 20. август.

Според фотографиите веќе може да прогнозираме, дека Икеа за следната година ни подготвува фантастичен избор на производи во богат колорит на бои и стилови.

Интересно е тоа што, брендот преку каталогот ни дава дополнителни идеи како максимално да го скористиме просторот и како рационално да го уредиме, се разбира со нвните производи.

Ѕирнете што може да очекуваме...

Објавено:
25 јули 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
793 пати