Викторија Далберг е фотографка од Шведска која неколку години работи и живее во Бруклин каде има стан под наем претворен во вистинска зелена оаза.

Поради огромниот интерес за нејзиниот стил на социјалната мрежа Инстаграм каде постојано објавува фотографии, за кратко време таа основала и компанија за додатоци за домот каде има неверојатно шармантни парчиња што ќе разубават сечие катче.

Во дневната соба во нејзиниот шармантен стан централно место зафаќа креветот во кафена нијанса украсен со колоритни перници и специјално изработената дрвена маса со интересна форма, но и неодоливите зеленила поставени во плетени корпи.

Спалната е навистина мала, но таа ја има уредено на неверојатен начин, па токму поради тоа ова е уште едно место во кое секој би посакал да ужива.

Покрај креветот, во оваа соба има неколку едноставни, бели полици на ѕидот, огледало, светлечки украси и повторно, многу цвеќиња.

Кујната пак е споена со дневната со интересен дрвен шанк, а е сосема доволна за некој што живее сам, а сепак сака да ужива во готвењето.

Подеднакво шармантна е и нејзината работна просторија во која има една впечатлива жолта фотелја за одмарање, биро со поставен компјутер за работа, многу фотографии по ѕидовите и впечатлив кактус во голема саксија.

Ова е пример како и малите станови може да бидат шармантни и сосема доволни за уживање ако им се посветите и знаете како да ги уредите.

Инфо и фото: Bonjour.ba

Објавено:
31 јули 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.229 пати