Шармантна колекција за уредување на домот со потпис на Дру Баримур

2 април 2019

По успешната мејкап линија „Flower Beauty", холивудската актерка Дру Баримур лансираше и колекција за уредување и декорирање на домот, во која повторно акцентот е ставен на флоралниот раскош па е именувана „Flower Home".

Се работи за линија на мебел и декоративни елементи во кои е пренесен авантуристичкот дух на актерката. Темпераментните и разиграни вибрации се пресликани преку еклектичните принтови и дезени што му даваат живост на просторот.

„Секогаш сум имала љубов кон креирање на простор во кој може да се ужива – амбиент во кој се спојуваат неочекувани принтови и дезени, форми и стилови, бои и текстури... Мојата нова колекција за уредување на домот е инспирирана токму од оваа моја пасија", вели актерката.

Линијата вклучува повеќе од 200 различни парчиња што ќе го оплеменат сечиј дом, а истите се веќе достапни и во онлајн продажба.

 

Објавено:
2 април 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
288 пати