Шармантно уреден стан од 57 м2 - спој на практичност и стил

20 март 2021

Становите од околу педесетина квадрати се меѓу најбараните. Но, кога е уредувањето на тој простор во прашање, понекогаш знае да биде предизвикувачки, бидејќи сепак спаѓаат во категоријата мали станови.

Но, со добар план можете да го извадите максимумот.

Токму тоа ѝ успеало на една девојка од Мелбурн, која со помош на боите и минималистичката естетика, направила простор кој истовремено изгледа широко и впечатливо.

Eдна од најинтересните карактеристики на овој дом се интелегентните решенија за складирање кои се интегрирани со мебелот. Но, покрај практичноста, овој стан е и полн со стил заради комбинациите на текстури и бои и рачно изработените предмети.

Во дневната соба има custom-made врата зад која се наоѓа телевизорот и сите електронски уреди кои ги има двојката. Уникатната врата во два тона со голема округла дрвена рачка дава убаво чувство без да изгледа ,,тешко''.

Во кујната, зад шанкот, има поставено клупа со L форма, со што се добива простор да седнат повеќе луѓе. Под клупата има фиоки, а во задниот дел има ниши за складирање во кои има приклучоци за полнење на телефони или таблети.

Со какви други трикови се користи, погледнете на блогот на Елена Лука Хоум.

Објавено:
20 март 2021
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.774 пати