Шармот на Африка во новата колекција на Икеа

1 март 2019

На Фестивалот за дизајн во Кејптаун, шведскиот бренд Икеа деновиве ја претстави својата нова колекција на која работеше две години заедно со група дизајнери, архитекти и креативци, а е инспирирана токму од Африка.

Се работи за колекција која ја карактеризира шарен и забавен дизајн, прогресивни и иновативни идеи, а која вклучува сè, од мебел до текстил.

„Во целиот процес беше навистина инспиративно да се здружиме на овој начин, создавајќи креативни дела. Оваа соработка ни отвори и некои нови врати и создаде нова димензија на нашиот континент. Во тој процес на креирање бев инспирирана од локалното опкружување од каде што доаѓам", вели една од дизајнерките на колекцијата која е со јужноафриканско потекло.

Ѕирнете како изгледа.

 

 

Објавено:
1 март 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
612 пати