Доколку до сега во уредувањето на вашиот дом, не сте посветиле внимание на скалите, со овие интересни проекти што ќе ви го презентираме во продолжение, сигурно ќе ви го насочиме вниманието.

Се работи за едноставни, а навистина ефективни трикови со кои на старите скали во вашиот дом или градина, ќе им дадете сосема нов, свеж и интересен изглед. А со тоа ќе добите јасна претстава колку во суштина декоративно уредените скали може да го разубават просторот во кој функционирате секојдневно.

-Темно кафените дрвени скали исцртајте ги со специјална боја за дрво со една флорална композиција која ќе добие своја целина по целата должина на скалите.

Фото: chaunte_vaughn-courtesy_of_old_home_love


-Керамичките плочки не се резервирани само за ѕидовите или подот. Искористете ги за декорираење на надворешните скали во вашиот дом и ќе добиете интересен, бохо изглед.

Фото: tim_street-porter


-Прикријте ги скалите со различни парчиња од теписи, во шарени дезени.

Фото: photo-_studio_life.style


-Одберете една боја и од неа извлечете повеќе нијанси. Па така во нијансиран колорит од потемно кон посветло или најизменично темно-светло, обојте ги скалите.

Фото: michael_mundy

Објавено:
28 јули 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
367 пати