Сончеви акценти во уредувањето на домот

1 јуни 2020

Жолтите нијанси може да ни донесат освежување во домувањето, ако ги имплементираме на соодветен начин.

Некогаш ефектот може да се постигне со суптилни акценти, а некогаш целта ќе се постигне доколку жолтата боја е доминантна.

Сè зависи од индивидуалната перцепција и од можностите што ги дозволува просторот.

Доколку планирате да направте мали трансформации во домот, пред почетокот на летната сезона, а притоа сакате да ја вклучите жолтата боја, тогаш имате можнoст да бирате од бројните опции.

Тоа може да го направите преку промена на декоративните детали, постелнината, завесите, да додадете некое парче мебел во жолта боја или пак да искористите тапети или обоите дел од ѕидовите во жолти тонови.


Еве инспирација, доколку немате идеја од каде да почнете...

Фото: Пинтерест

Објавено:
1 јуни 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
922 пати