Сончеви нијанси: Инспирација за пролетно уредување на домот од македонските блогери

5 мај 2021

Сите знаеме по инспирација да посегнеме по социјалните мрежи и странските профили односно блогери. Но, македонската блогерска сцена станува се' побогата, па освен модни имаме и блогери за уредување односно ентериер кои се подеднакво интересни како и некои странски.

И токму оттаму ние одлучивме да се инспирираме кога е пролетното освежување на домот во прашање.

Ја одбравме жолтата боја како појдовна точка, па ско сакате да направите некоја промена, но не сте сигурни како, веруваме дека фотографиите во продолжение ќе ви помогнат. 

Жолтата  е секогаш добар избор, а годината плус е и боја на годината според Пантон. Со оглед на тоа дека е пролет, веруваме дека повеќето цвеќиња ги изнесовте на тераса, но сепак оставете и нешто во домот. Ќе ви внесе пријатна атмосфера и релаксиран простор.

Исто така, вазна со цвеќе е декор кој секогаш ќе го разведри просторот, а за кој не ви е потребна голема инвестиција.

Жолтата можете да ја имплементирате и преку парче мебел или тапети, перници, чинии, овошје, детали...

Ако сонцето го нема надвор можете вие да го внесете со жолти елементи. Ако пак го има, така само уште повеќе ќе се засили позитивното дејство и ќе добиете ведар простор во кој ќе сакате да престојувате постојано.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Eлена Алач (@elena.alac)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Eлена Алач (@elena.alac)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@_ivannailiev_)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kate Jovanovska (@_katehome)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ognena (@hyggnena)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ANGELA lifestyle (@bebekoska)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@elena.alac)

Објавено:
5 мај 2021
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
7.720 пати