Специјални летни понуди од Elena Luka Home

14 јуни 2016

Elena Luka Home и овојпат е со најдобрите летни понуди на пазарот.

Со секој купен метар квадратен во станбениот објект „Living Large" што е лоциран во населбата Аеродром во Скопје и е дел од комплексот „EL Home – Eco Home", добивате ваучер од 1000 денари за уредување на Вашиот дом. Ваучерот можете да го искористите за бела техника или пак за естетски детали за декорирање на домот по Ваша желба, од продавниците на TechnoMarket, @Home и CoinCasa.

„Станбениот комплекс „EL Home – Eco Home" совршено се вклопува во природното окружување на една од најубавите скопски населби притоа оставајќи впечаток на урбан и современ објект, благодарение на модерниот дизајн и врвниот квалитет на вградени материјали. Исклучителната посветеност на компанијата „Elena Luka Home" како инвеститор се огледува во примената на квалитетната градба во согласност со Европските стандарди, но и комфорот на кој нашата компанија обрнува посебно внимание", велат од тимот на Elena Luka Home.

Оваа специјална летна понуда на Elena Luka Home трае до крајот на јули.

Повеќе информации на овој линк.

Објавено:
14 јуни 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
621 пати