Стаклени прегради во ентериерот – модерно и функционално решение

5 септември 2020

Современото домување често подразбира помала квадратура во чии рамки функцонално треба да го решите просторот што ќе ги задоволи сите ваши есенцијални потреби.

Колку е помала квадратурата, толку прагматичното решение на ограничениот простор има позначајна улога.
Затоа, една од најчесто применуваните методи во современите ентериерни решенија, се мобилните прегради што ќе му овозможуваат функционалност и брза трансформација.

Многу често таквите прегради се поставуваат в дневниот простор помеѓу кујната и дневната соба или помеќу влезнот ходник и дневниот престој.

Но, нивната прмена не е ограничена само на дневната соба, туку се користат и во спалната соба за оградување на плакарот или пак во детската соба како физичка преграда на делот за играње и спиење.

Едно од најсофистицираните решенија во овој сегмент се стаклените прегради. Модерни и софистицирани, го оплеменуваат просторот и токму затоа се фаворит во уредувањето на современите ентериери.

 

Објавено:
5 септември 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.231 пати