Стан сместен во поранешна фабрика за чевли, уреден во неодоливи минт зелени нијанси

25 октомври 2019

Станот што ви го презентираме во продолжение поминал низ драстична трансформација, благодарение на британскиот пар креативци, Зое Чан и Мерлин Ајерс.

Се работи за простор што се простира на 250 метри квадратни, а е сместен во поранешна стара фабрика за изработка на чевли, што целиот амбиент го прави многу специфичен.

Токму тоа ги испровоцирало креативците да создадат една сосема нова, компактна целина која ќе биде исполнета со спокој, хармонија и мирис на дома.

Резултатот е фантастичен!

Преовладуваат минт зелените нијанси и тоа е една од водечките карактеристики на ентериерот.

Проектот го носи називот „The Beldi" што на арапски јазик значи нешто традиционално, рурално и природно, што вистински го опишува амбиентот во просторот.

Високите прозори што ги има вкупно 30 и се единствениот инвентар што останал од оригиналниот објект, овозможуваат перфектна природна светлина што го исполнува амбиентот со дополнителна позитивна енергија.

Извор/фото: Buro247.rs

 

Објавено:
25 октомври 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
732 пати