Столот на Пјер Жанерет: Дизајнерска класика што го полуде светот

18 јуни 2022

Вистински хит на Инстаграм и социјалните мрежи. Има причина зошто овој стол го полуде светот. Станува збор за позната дизајнерска класика чиј творец е швајцарски архитект Пјер Жанерет.

Ова едноставно парче мебел, наречено „Офис" е едно од најпосакуваните и најбараните столици во последно време, а љубителите на архитектурата и индустрискиот дизајн не можат да си го замислат својот простор без него.

Убавината на „Офис" столот се состои токму во неговата едноставност, минимализам, како и неговата способност да се вклопи во различни стилови на ентериерно уредување. Иако името ве наведува првично да го замислите в канцеларија, веќе сме свесни за сите останати начини и места каде овој дизајн наоѓа примена. Па така, овој стол денес подеднакво краси трпезарии и дневни соби, како и салони на многу архитекти, уметници,и познати личности.

Поради својот дизајн кој наликува на скулптура, како и својата реткост ( со оглед на тоа што овие столици се рачно изработени и секоја од нив е уникатна), столот на Пјер Жанерет е ценет речиси како уметничко дело кое несомнено ќе се истакне во вашиот дом и ќе го привлече сечие внимание.

Овие столици се изработени во „V" форма, од тиково дрво и трска, со меко седиште и грб од ратан, и се карактеризираат со робусни ногарки и потпирачи за раце. Тие првично биле наменети за работниците во Чандигар, Индија, а идејата била да бидат практични, отпорни на влага и оштетување од инсекти.

Па, доколку размислувате за тоа да внесете ново класично парче мебел со врвен квалитет во вашиот дом, можеби минималистичната класика на „Офис" столот ќе биде магијата што му е потребна на вашиот простор.

 

Објавено:
18 јуни 2022
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
327 пати