Тераси и дворови декорирани со детали што амбиентот го прават уште помагичен

4 август 2020

Домашна оаза, нашето прибежиште од секојдневните проблеми и место каде си го наоѓаме сопствениот мир – терасата или дворот. Токму поради тоа, ова катче во домот секогаш заслужува да му посветите внимание и до најситни детали, затоа што така вложувате во уживањето за сопствените сетила.

Секоја сезона вашата тераса или двор може да ги трансформирате во сосема нова димензија, а притоа без да правите големи финансиски трошоци, туку едноставно да се фокусирате на деталите, затоа што токму тие ја прават магијата.

Со мала промена на декоративните елементи, може целосно да го смените ликот на вашата домашна оаза, па така дури и во текот на една сезона промените може да варираат според вашите потреби и идеи.

Не ги игнорирајте декоративните перничиња, саксите за цвеќе или осветлувањето. Секогаш може да им дадете некоја автентична нота или пак да ги „доработите" со некој декоративен елемент што самите ќе го изработите.

Така на пример, саксиите за цвеќе може рачно да ги нацртате, а навлаките за перниците може сами да ги направите од некоја ткаенина или парче облека што веќе нема функција.

Дрвените гајби се одлична солуција за полици, а сезонава особено актуелни се и плетените килимчиња и табуретки, со што на вашата тераса или двор, ќе им додадете бохо шмек.

Издвоивме неколку супер впечатливи примери, кај кои ќе забележите дека токму деталите го креираат прекрасниот амбиент.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
4 август 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.356 пати