Дизајнерот Томи Хилфигер располага со бројни недвижнини, но куќата во Мајами е една од најинтересните што некогаш сте ги виделе. Се простира на површина од повеќе од 1.300 метри квадратни.
Има седум спални соби и осум бањи, теретана, кино-сала, соба за забава. Во домот има и спирални скали од мермер, во комбинација со лустер долг неколку метри, создаден од стотици рачно изработени парчиња стакло.
Она што посебно ќе ви го привлече вниманието е начинот на уредување. Голем дел од просториите се во препознатливите бои на неговиот бренд. Всушност, секоја соба е весела и во интензивни бои. Бањите се посебно интересни со тапети одосно плочки со овошни дезени.
Уште нешто што ја прави оваа куќа – куќа од соништата е и тоа што секоја од собите има поглед на океан. Дизајнерот има и импозантна приватна колекција на ретки уметнички дела, чија вредност се проценува на десетици милиони долари.
Во продолжение погледнете како е уредена внатрешноста на куќата:
фото извор: miami.curbed.com; architecturaldigest.com;