Топ трендови во ентериерот за годинава

11 јануари 2016

Овој список од трендови се најавуваат за 2016-тата и дефинитивно ќе бидат ин барем првата половина од годината. Архитектите на „Elena Luka Home" на кратко ќе ви откријат како истите да ги вклопите во Вашиот животен простор.

Метални предмети

Ѕвезди на годината секако ќе бидат сјајните предмети кои ќе доловат естетика на гламур и префинетост во секој простор. Додајте малку топлина во просторот користејќи бејби голд – розево злато или пак бакар. Елеганција ќе постигнете и со сребрени или елементи од хром.


Разликата од досегашното користење на метални предмети е во флексибилноста при комбинирањето. Немојте да се ограничувате на еден тип на метал кој ќе биде централен елемент на просторијата, а останатите да ги користите како дополнителна декорација

Дизајн кој лесно се одржува

Културните трендови секогаш имале влијание на дизајнот, па природно е годинава поголема употреба на еколошки елементи во ентериерот. Во архитектурата, освен што формата и фукнцијата совршено се вклопуваат, важно е да се користат и елементи кои не само што изгледаат убаво, туку го намалуваат и штетното влијание на еко системот...


Користејќи природни материјали како што се дрвото или каменот ќе го постигнат тоа. Како такви ги препорачуваме Артисан производите, тие помалку ја загадуваат околината и имаат подолг век на траење.

Принтови од природата


Овој тренд подразбира употреба на шари кои можат да се најдат во природата. Годинава на голема врата доаѓа декор инспириран од билки, цветни мотиви и животински принтови. Секако треба да внимавате како ги употребувате за сето тоа да не изгледа нападно. Доколку се одлучите за вакви принтови тогаш направете го тоа со два, три елементи во просторот и размислете за користење на дизајни кои не одстапуваат од природната палета на бои.

Геометрија

Интересот за ваков дизајн претставува всушност продолжување на трендот инспириран од 70-тите години на минатиот век.


Прекрасна карактеристика на овој тренд е што можете да го вклопите во секој дизајн. Ако сакате ултра модерен ентериер тогаш користете мебел или осветлување со геометриска форма. За поумерен изглед, применете геометриски шари на тепих, плочки, декоративни елементи или перничиња.

Сина боја

Секоја година има своја боја. 2016-та секако е во знакот на сината. Интензивни нијанси на сина боја, како што се кобалтната, морнарската или ројал блу се вистински избор за оваа година. Овие нијанси се лесно употребливи во ентериерот, а од Вас зависи колку сакате да ги истакнете.

За оние кои сакаат опуштена атмосфера во просторот, вистинско решение би било да ги бојадисаат ѕидовите во сина боја. Истотака сините нијанси можат да се употребат и на подискретен начин преку некои декоративни елементи или парче мебел како што се фотелја табуретка итн.

*  *  *

„Elena Luka Home“ секогаш во чекор со светските трендови носи единствени решенија прилагодени на животните навики на нашите простори и со најдобри понуди на пазарот.

Проверете веднаш > ТУКА

Објавено:
11 јануари 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
4.455 пати