Топла домашна атмосфера и кино во двор – кој не би посакал ваков дом?

26 август 2020

Еден пријатен и топол дом во Варшава, Полска уреден во лежерен бохо стил, ни го украде вниманието, а веруваме дека ќе го освои и вашето.

Во автентична атмосфера која со секој детаљ асоцира на смиреност и хармонија, доловена преку суптилните земјени тонови и пријатните текстури и материјали, е создадена есенцијата на ова семејно гнездо.

Таваните во одредени делови се накосени, но функцонално и максимално искористени.
Доминира чувството на блискост со природата, дефинирано преку изборот на природни материјали како што е дрвото, памукот, плетенините...

Особено интересен и симпатичен момент е киното на отворено, реализирано во пространиот двор, во чиј дизајн повторно е пресликана топлата атмосфера од ентериерот.

Фото: Architecture & Design, @marzena.marideko

 

Објавено:
26 август 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
699 пати