Тула, дрво, стакло и етно елементи – сè во едно за совршено модерен ентериер

26 мај 2020

Модерниот дизајн во ентериерното уредување се базира на чистина проследена со комбинација на различни стилови, умешно синхронизирани меѓу себе.

Така пребарувајќи по онлајн страниците специјализирани за архитектура, наидовме на простор во кој се имплементирани различни стилови и елементи што припаѓаат на различна естетика, но толку идеално споени во една целина, што разликата е искористена како предност и функцонира одлично.

Основата на просторот е сива и пространа. Тоа само по себе дозволува игра со деталите, текстурите и дезените, што како можност се максимално искористени.

Индустрскиот стил ја води приказната, во која е оставен простор и за топли елемнети како природно дрво, тули и етно мотиви, како контраст на стаклото и деталите изработени од железо.

Сивите нијанси на ѕидовите, создаваат контраст со подните плочки што изобилуваат со впечатливи дезени, со што е постигната слоевитост во просторот.

Теписите, прекривките и украсните перници со етно елементи пак, му дават уште една, нова димензија на ентериерот што во комбинација со природното зеленило создава идеален амбиент за топол семеен дом.

Дизајн: @emilymedqvist [IG]
Фото: Elisabethphotography

 

Објавено:
26 мај 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
344 пати