Без разлика дали живеете во стан или во куќа, просторот пред влезната врата би требало секогаш да ви е уреден.

Тоа е првиот контакт со вашиот дом на секој што ви доаѓа на гости, а секако, треба да изгледа убаво и за самите вас.

Не треба многу труд за да го средите овој простор, а во текот на прекрасната есен има толку многу детали што совршено ја опишуваат и изгледаат неодоливо.

Секако, на прво место се тиквите кои се олицетворение на есента, но тука се и есенските листови во кафени и жолти нијанси, есенски бујни цвеќиња, дрвените корпи, сеното, трските и што уште не.

Доколку сте за нешто посуптилно, тогаш венецот за на врата изработен од сушени есенски цветови е нешто што ќе ѝ овозможи целосно нов изглед на вашата врата.

Прекрасен избор за студените есенски денови е и сушеното овошје од кое може да се направат разни украси, а истите можете да ги ставите и во корпа на маса во домот за неверојатна миризба.

Сега е и сезоната на „Ноќта на вештерките“, па доколку сте обожавател на празникот, тогаш можете да украсите и во овој стил.

Инфо и фото: Bonjour.ba, Pinterest

Објавено:
22 октомври 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
490 пати