Уредување на мали станови и хороскопските знаци: Кај Лавовите доминираат огледала, а кај Вагите цвеќињата

30 ноември 2020

Доколку сте љубител на внатрешното уредување, а и на астрологијата, тогаш овој текст ќе ви биде забавен за читање.

Фокусот е ставен на тоа како хороскопските знаци би уредиле стан со мала квадратура. 

Прочитајте и кажете ни, дали можеби некаде се препознавате :)

Овен

Овните не сакаат здодевни работи, а ни простори за живеење. Затоа, при уредувањето на живеалиштето, па макар и она со мала квадратура ќе доминираат бои и текстури. Со помош на овие комбинации тие ќе успеат да го направат просторот да изгледа поголем, но и поинтересен и несекојдневен. Исто така, и мултифункционалните парчиња мебел се добар избор за нив, бидејќи на тој начин можат да прават чести промени во изгледот на просторот, бидејќи рутината бргу им здосадува.

Бик

Иако уживаат во вложувањето на убави работи, сепак Биковите знаат дека просторот лесно може да стане пренатрупан ако немаат доволно квадрати за да ги распределат сите убави работи што ги сакаат. Затоа, при уредувањето често се служат со полици - во сите големини и стилови. Несекојдневно за нив, но не стравуваат да ги постават на необични места. На тој начин имаат повеќе простор, а благодарение на нивниот талент, крајниот ефект ќе биде елегантен и впечатлив простор.

Близнаци

Имаат широки интереси, па тоа се пренесува и на уредувањето. Иако изгледа дека не можат едноставно да се прилагодат на ситуацијата во која немаат посакувана квадратура на просторот, тие ќе пронајдат начин.  Така, ќе вложат во едно впечатливо парче мебел кое ќе биде во центарот на вниманието во една соба. Освен тоа, потенцирањето на едно парче мебел, ќе направи просторот да изгледа и визуелно поголем. 

Рак

Раковите во својот дом сакаат да ги покажат работите кои им се важни, па просторот на ѕидот им е најдобар пријател. На малите полици ќе ги наредат драгите спомени, а на ѕидовите ќе се најдат фотографии од своите најмили... Накратко, тој простор ќе го претставува она што тие се и се' она што им е важно.

Лав

Огледалата се добро познат трик за визуелно зголемување на просторот. Сепак, за моќта на огледалата најдобро можат да зборуваат Лавовите. Тие сакаат да експериментираат, па не е реткост да видите и повеќе огледала во станот, за просторот да добие длабочина, но и светлост. А и покрај ова, Лавовите сакаат да го гледаат својот одраз во огледало :).

Девица

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Z suites (@suites.berlin)

Девиците се опседнати со ред и уредност, па зато во нивниот дом нема да видите непотребни работи, што е посебно добро кога се работи за стан со мала квадратура. Девиците вложуваат во парчиња мебел што ќе им овозможат дополнително место за складирање на работите, така што површините ќе изгледаат чисти и поголеми одошто реално се. Со оглед на уредноста, Девиците точно ќе знаат што каде им стои и водат сметка се' да се врати на свое место после употребата.

Вага

Вагите сакаат топол дом, полн со живот и убаво среден. Затоа, чест декор се растенијата, кои му даваат токму таква нота на просторот. Колку и да ви изгледа просторот мал, Вагите ќе најдат совршено место за цвеќиња, особено оние што не бараат специјална нега, па можат да стојат и на под или закачени на полици.

Скорпија

Можеби не ви звучи логично, но Скорпиите знаат како со поставувањето прегради да го направат просторот визуелно поголем. Тие ја сакаат својата приватност, па затоа користењето со вакви трикови при уредувањето не е изненадување. Во малите станови понекогаш е тешко да се одреди каде еден простор завршува, а друг почнува, но Скорпиите се служат со големи парчиња мебел за да ја поделат собата и да ја направат да изгледа поголема.

Стрелец

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by KUBIK RUMIK (@kubikrumik)

Натрупувањето на работите некогаш се случува сосема неосетно. Сите дома имаме по едно такво столче со нафрлани работи. Но, на Стрелецот тоа ретко кога може да му се случи. Тој сака максимално да го ослободи просторот, така што облеката што не ја носи повеќе ќе ја подари, а истото важи и за други предмети. И оваа навика редовно ја практикува, па затоа малата квадратура не му задава големи главоболки.

Јарец

Јарците сакаат се' што прават да биде корисно и ефикасно, а тој концепт го применуваат и во домот. Уредувањето на мал простор може да биде напорно, а Јарците го решаваат тој простор така што вложуваат во мултифункционален мебел. 

Водолија

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by April (@asouthview)

Личностите родени во овој знак ќе заземат поинаков пристап од останатите знаци, а со цел да го искористат секој квадрат. Конкретно, ќе гледаат да го исполнат просторот со мебел изработен по нарачка. Ако умеат сами да го изработат, тоа е најдобрата опција, но доколку тоа не е случај, тогаш активно учествуваат во дефинирањето на секое ќоше во домот.

Риби

Рибите сакаат да живеат во простор во кој можат да се опуштат и да сонуваат. Кога немаат доволно простор, тогаш се фокусираат на прозорците. Често се одлучуваат под прозорците да создадат простор каде што ќе наместат табуретка, клупичка или сличен простор за седење. Воедно, тоа ќе биде одличен простор и за дружење со пријателите, а Рибите тоа дефинитивно го сакаат.

Објавено:
30 ноември 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
992 пати