Познатиот тропски принт на Версаче, што уште пред 20 години го популаризираше Џенифер Лопез со стајлингот во кој се појави на доделувањето на Греми наградите, сега живее во ново светло.
Покрај тоа што Џеј Ло ја затвори ревијата со која Версаче прослави две децении од популарниот „Jungle" принт, во редизајнирано издание на фамозниот фустан со длабоко деколте и високи странични шлицови, сега Версаче има таква колекција и за домот.
Џунгла во домот, ама во најсофистициран контекст. Зелени, тропски принтови се водечката карактеристика на оваа ексклузивна линија за уредување на ентериерот.
Ја сочинуваат различни парчиња мебел и декоративни елементи изработени од фин порцелан, обединети под „Јungle" естетиката.
Еве за што станува збор...
Фото: Harper's Bazaar