(ВИДЕО) Еволуција на кујните: Колку се смени дизајнот низ годините

10 април 2020

Магазинот „Home Adviser“ косултирајќи историчари и дизајнери на внатрешен ентериер, направија видео кое ја претставува еволуцијата на естетиката на кујните.

Тука се мисли пред сè на уредувањето на просторот, не само на самиот дизајн на елементите, иако промената секаде е видлива.

Земени се примери од Западните стилови (од Англија до Америка).

 Така, во 16 век доминираат каменот и железото како материјали, во комбинација со по некој едноставен дрвен елемент - маса и полици. 

Во седумнаесеттиот век, керамичките елементи се апсолутен хит, а каминот е место каде се готви храната во железни котли.

Осумнаесеттиот век не носи значителни промени во распоредот, но сепак е со фенси шмек и зголемено присуство на дрвото како материјал. Полиците се потзатскриени и уште покорисни, а подот е со плочки, нешто што и денес се применува, како практичен дел за чистење.

Еден век подоцна, дрвото е апсолутно доминантно, централното место во кујната ѝ припаѓа на тркалезната трпезариска маса, а во истата просторија се ќумбето во кое се пече храната, елементите за складирање и просторот каде што се мијат. 

Во дваесеттиот век, со појавата на електричните апарати се случува револуционерно менување на функционирањето, а со тоа и изгледот на кујната. Овој простор почнува да се уредува во светли нијанси, понекогаш дури и впечатливи, додека пак, подните полочки се речиси задолжително црно-бели. Се' е ставено во функција на олеснување на човековото функционирање и штедење/ширење на просторот.

Денеска, минимализмот доминира. Кујните се светли простории, со чисти линии и со функционалност која не го гуши просторот. Мултифункционалноста е таа што стапува на цена, а изгледа се' уште не му оддаваме доволно признание на ваквиот изглед и функционалност на кујните, посебно кога ќе се земе предвид до каде работите напреднале.

Кој стил вам најмногу ви се допаѓа?

Објавено:
10 април 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
616 пати
Тагови: 
кујни еволуција