Вила на Сицилија на која посакуваме да го поминеме летото

25 јуни 2019

Летото е во полн ек, а доколку сè уште не сте го резервирале годишниот одмор, ние денеска ви предлагаме едно магично место од кое нема да сакате да си заминете.

Оваа шармантна вила е сместена во прекрасната Сицилија, а се проценува дека датира од 1800 – тата година, а пред да ја реновираат, долги години била напуштена.

Приказната за вилата станува уште поинтересна. Имено, 60 – годишната Елена Лопс ја добива истата на подарок од нејзиниот сопруг, по што најмува познати дизајнери за целосно да ја реновираат.

Денеска, вилата е една од најпосакуваните во Сицилија, иако првично, планот бил тоа да биде семејна викендичка.

Внатрешноста на вилата е едноставно совршена, со огромен базен на средината околу кој има неколку апартмани со сопствена тераса.

Она што е фасцинантно, е окружувањето кое било составено од вистински рушевини, а по отстранувањето местото изгледало како вистински рај.

Целата вила е уредена во винтиџ стил со рустикални детали и неутрални бои што ја прави уште поубава и поромантична. На секој детал од вилата дизајнерите и сопствениците им посветиле максимално внимание, па така биле специјално до Мароко за да купат рачно изработени плочки.

Доколку некогаш имате можност, оваа вила е нешто во што секој треба да ужива барем еднаш во животот.

Инфо и фото: Buro 24/7

Објавено:
25 јуни 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
245 пати