Вилата на „Гучи“ достапна за изнајмување - еве како изгледа нејзината внатрешност

24 ноември 2021

Премиерата на „Куќата Гучи“ во Македонија ќе се случи утре, а добар дел од светот веќе имаше шанса да го погледне филмот.

Скандалозната приказна разбуди голем интерес кај публиката, а „Airbnb“ одлучи да го искористи и да им овозможи на сите обожаватели да ја посетат.

Вилата „Балбиано“ е на езерото Комо, а токму тука и се снимаше филмот.

Позната е по својата раскошност и историја. Се работи всушност за здание од 17 век и вклучува приватен базен и посебна куќичка на езерото. Ентериерот е луксузен и автентичен. Ѕидовите се насликани со фрески од 17 век, додека собите се дизајнирани од реномираниот декоратер и дизајнер Жак Гарсија. 

Мебелот вклучува и оригинални парчиња стари неколку векови, а модерната нота е постигната благодарение на мебелот од понови но врвни произведувачи.

Вилата ќе биде достапна за изнајмување од 6 декември и тоа по цена од 1.000 евра за едно ноќевање.

Погледнете ја внатрешноста:

 

 

 

 

@airbnb;

Објавено:
24 ноември 2021
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
851 пати