Вилата со поглед на зајдисонце во која живееше Сандра Булок

20 јули 2018

Вила покрај океан, од која можете да гледате зајдисонце е сон на многумина. Актерката Сандра Булок ја имаше можноста да живее во такво здание, а веќе неколку години не е во нејзина сопственост.

По разводот, сопругот Џеси Џејмс одлучи дека ќе ја продаде за 4.5 милиони долари.

Инаку, вилата е изградена во 1976 година, има четири спални соби, дневна соба која се простира на преку 300м2, голема кујна, бар, огромен плакар-соба.

Во надворешниот дел, освен совршено уредениот двор има и базен, спа и мини пештера. 

Прекрасното здание е на самата Сансет Бич во Калифорнија, а во продолжение погледнете како изгледа.

Инаку, оскаровката деновиве го продава и имотот во Лос Анџелес, каде живееше 17 години и тоа за 2.9 милиони долари.

 

фото извор: ocregister.com;

Објавено:
20 јули 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
382 пати