Внатрешноста на “најтенката“ куќа на светот

20 август 2020

Однадвор изгледа тенка, тесна и долга. И веројатно си мислите дека просторот и не е многу поволен за искористување.

Некои ја нарекуваат ходник, други сметаат дека и живот во автомобил би бил поудобен отколку во оваа куќа, но факт е дека грешат.

Имено, „Pie House“ како што ја нарекуваат во Илиноис, од една страна е широка само еден метар, но потоа постепено се шири. Внатре располага со преку 150 метри квадрати простор за уредување, додека целата површина зафаќа и повеќе од 300 метри квадратни.

Има две спални, три бањи и подрум, а популарноста ја стекна откако еден корисник на „Тик Ток“ платформата ја сподели на својот профил и доби преку милион прегледи.

Куќата кон почетокот на летото беше ставена на продажба, а од неодамна има нов сопственик кој за неа издвоил 250.000 долари.

Ако сте љубопитни како изгледа внатрешноста, погледнете ги и останатите фотографии:

Објавено:
20 август 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.204 пати