Во домот на модната блогерка Кјара Ферањи во Милано

20 март 2020

Популарната модна блогерка Кјара Ферањи вчера го прослави вториот роденден на нејзиниот син Леоне, а со оглед на условите, прославата беше во домашен амбиент.

Тоа нè инспирираше да ѕирнеме како всушност изгледа домот на познатата модна блогерка во Милано.
Се работи за луксузен апартман сместен во еден од најелитните делови на Милано во модерно опкружување во комплекс чија структура ја сочинуваат современи градби, пространи зелени површини, но и нови трговски центри (дел од нив веќе функционални, а дел во изградба).

Амбиентот во нејзиниот апартман е исклучително модерен, прочистен од непотребни детали и во основа, минималистички уреден.

Акцентот е на масивните стаклени прозорци што обезбедуваат богата дневна светлина, како и на прродните материјали искористени во дизајнот на мебелот.

 

Објавено:
20 март 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.714 пати