Во канцеларијата на нашата омилена модна блогерка

6 септември 2016

Една од нашите фаворите помеѓу модните блогерки која покрај совршено изостреното стилско чувство, е препознатлива и по тоа што не се шминка и го преферира природниот изглед, Леандра Медин, има фантастична канцеларија во која е рефлектиран нејзиниот животен стил.

А што би можеле да очекуваме од нејзиниот простор каде секојдневно функционира, ако не инспиративна естетика, лежерност и удобност, прагматично осмислен распоред, многу природна светлина и куп модни магазини и стручна литература.

Нејзиниот моден блог Man Repeller прерасна во портал на кој денес работат 15 луѓе, што на еден шармантен, забавен и интелигентен начин зборуваат за различни теми.

Ентериерот на канцеларијата во која овој тим работи е помалку ексцентричен и дефинитивно со карактер, а сепак е прочистен и елегантен.

Комбинацијата на дрвени елементи, шарените принтови и по некое цвеќе, резултира со интересно уредена канцеларија во која веруваме работната продуктивност е максимална.

 

 

Објавено:
6 септември 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.238 пати