Во необичниот розов дом на Дита фон Тиз: Немам ниту една удобна софа

1 април 2020

Пејачка, актерка, бурлескна танчарка, дизајнер на костими, модел, забавувач - сето ова е Дита фон Тиз. Нејзината ексцентричност од сцената е пренесена и во приватниот живот. Всушност, сфаќате дека таа постојано е своја.

Вратите од својот, многумина би рекле необичен, дом во Лос Анџелес ги отвори за магазинот „Architectural Digest“. Она што веднаш се забележува е дека таа нема ниту еден бел ѕид. Како вели, има фобија од бели ѕидови, па затоа повеќето се во розови нијанси.

„Не сум по минимализмот, очигледно. Јас сум максималист. И првата работа што ја направив кога се преселив во куќата, одев од соба во соба и додавав боја“, вели таа и додава.

Единствената бела соба е нејзината спална.

„Сметам дека во куќава живеам во стилот на оние што живееле во 20-тите и 30-тите години од минатиот век“.

Кога барала куќа, барала некоја која била некому дом, која има приказна. За магазинот открива дека во нејзината сегашна куќа, живееле семејство кое имало и деца, кои израснале во истата куќа, а дури и свадбената веселба на двојката се одвивала во куќата.

„Сакам да ги задржам историските моменти, токму затоа, одлучив кујната да подложи на многу мали промени. Сепак, таа беше кафена, а кафената е мојата најнеомилена боја во целиот свет“, споделува фон Тиз.

Низ целиот дом има значителен број софи, но ниту една не е удобна.

„Верувајте, нема удобно место во мојот дом, каде што би можеле да прилегнете“, потенцира актерката.

Помеѓу другото, Дита го покажа и својот импозантен плакар за облека и чевли, како и библиотеката и колекцијата плишани играчки. 

Погледнете:

 

Објавено:
1 април 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
3.770 пати
Извор: 
Popsugar