Во винтиџ домот на Дакота Џонсон во Холивуд

20 април 2020

За магазинот „Architectural Digest“, вратите од својот дом ги отвори и актерката Дакота Џонсон. Иако е дете на познати родители, сепак таа успеа да се избори за своја слава и препознатливост, а благодарение на филмската триолгија „50 нијанси на сиво“.

Тимот на магазинот беше во нејзиниот дом во Холивуд, кој изобилува со смиреност и винтиџ елементи, што во многу нешта како ќе рече, се разликува од нејзиниот претходен дом во Њујорк.

Кафените тонови доминираат. Домот е исполнет со цвеќе, книги, уметнички дела и украси. Посебен дел е посветен на винил плочи - има своја мала колекција, која ја чува подредена по азбучен ред.

Како вели, гарнитурата е винтиџ, повторно тапацирана со кадифе. Некои од парчињата мебел се исто така винтиџ, но има и нови кои се вклопуваат во тој стил.

Посебно ѝ се допаѓа кујната која е во темнозелена нијанса, бидејќи зелената ѝ е една од омилените бои. Во неа се наоѓа фантастичен чајник, но и неколку сервиси од кинески порцелан кои ќе ви го привлечат вниманието.

Надворешниот дел е со градина и базен, а целата тура погледнете ја во видеото во продолжение:

 

Објавено:
20 април 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
708 пати