За децата што сакаат диносауруси...

22 ноември 2019

39-годишна мајка од Манчестер, Стејси Џонс, со буџет од 280 фунти, успеала целосно да ја трансформира собата на својот тригодишен син кој обожува диносауруси.

Секако, собата е тематски уредена и сè се врти околу светот на диносаурусите.
Стејси која работи како визуелен стилист, сакала да креира уникатен простор за својот најмал син кој е опседнат со диносауруси.

Со ограничен буџет таа успеала да создаде неограничен свет на фантазија за својот син.
Акцентот е на деталите, се разбира сите поврзани со темата – играчки, перници, закачалки – сите во форма на диносаурус.

Доминираат зелените нјанси, при што се добива чувство дека се наоѓате во природа.

Одлична идеја за родителите чии деца ги сакаат диносаурусите, а притоа имаат во план да им ја преуредат детската соба.

Фото: Стејси Џонс, DailyMail

 

Објавено:
22 ноември 2019
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
481 пати