За топол амбиент во домот: Празничната колекција на H&M ќе ве воодушеви

1 декември 2020

Топла и пријатна семејна атмосфера во домот, зачинета со шармот на новата празнична колекција на шведската етикета H&M...

Модерна линија со рустична убавина, во топли и богати нијанси што ќе го направат уште попријатно чувството на дома.

Годинешната тема со која H&M ни посакува среќни празници, е посветена на традицијата, грижата на еден за друг, емпатијата како основна човечка емоција, па според тоа, ова е колекција која со секој детаљ асоцира на топлина и удобност.

„Сакаме да ја прославиме онаа „мала среќа" во облик на искуства на опуштање, ритуали и моменти на великодушност. Сметаме дека прославата со нашите најсакани, грижата за нив и љубовта ќе бидат од клучна важност оваа година", порачуваат од H&M.

Новата празнична колекција нуди прекрасни украсни венци, магични сетови за кафе и чај, ароматични свеќи, навлаки за перници со различни дезени и празнични мотиви, плетени корпи и уште многу мали, но ефективни декоративни дизајни.

Дел од нив ѕирнете во фото галеријата во продолжение.

Објавено:
1 декември 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.113 пати