За уживањето во двор или на тераса да биде комплетно – Икеа го има совршениот мебел

8 мај 2020

Веројатно повеќето од вас, веќе ја отворија сезоната „на балкон" во својот дом.

Но, ако се уште го уредувате вашето катче за уживање под сонце и ви недостига по некој детаљ или мебел за атмосферата да биде комплетна, Икеа има решение.

Шведскиот гигант за уредување на домот, има симпатична колекција мебел и декоративни елементи за екстериер, која нуди одличен избор на парчиња со кои ќе доловите амбиент на домашна летна оаза, секако во комбинација со вашите омилени растенија и цвеќиња.

Во дизајнот се искористени референци карактеристични за летната сезона, како што се природните материјали, плетените детали, неутралните, топли тонови, но и колоритните акценти.

Само за инспирација, одвоивме неколку сетови.

 

Објавено:
8 мај 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.055 пати
Тагови: 
Икеа мебел тераса